Стела Мaкартни прави 752 колекции годишно?!

12 ноември 2014

555fb674-5978-49ff-ad54-57407fb205b9-2060x1236

Непосредно пред подготовките за колекцијата пролет 2015, креативниот директор на шопинг порталот Mytheresa.com, Пола Рид разговараше со британската дизајнерка Стела Макартни за тоа како таа работи.

-Кога дизајнирам, се работи за дизајнирање парчиња за кои ќе се врзете долгорочно. Тие треба да бидат убави, да ве однесат во најубавите места во светот. Не се работи за тоа дека морам да продадам, веднаш, тука,сега.  Купете што ќе ви се допадне, носете го, чувајте го засекогаш...- вели Мaкартни.

Таа додава дека креативниот процес секогаш е приказна:

-Како дизајнер, јас сум секогаш на патување. Моите колекции ме следат мене и обратно. Тие кажуваат приказна и на некој начин комуницираат една со друга. Не се случува зимската колекција да нема врска со летната. Тие мора да бидат во врска, „да се бакнуваат“ една со друга. А тука се и временските ограничувања, поради кои е невозможно да не протнеш иста нишка – признава дизајнерката.

The London 2014 Stella McCartney Green Carpet Collection

На прашањето колку колекции прави годишно, сакајќи да го избегне одговорот, се пошегува:

-Правам 752 колекции годишно, а имам 452 деца (се смее).

Но, без разлика колку и да прави, вели дека успева благодарение на добрата организација:

-Организирана сум. Девица сум во хороскоп. Но, во исто време имам и одличен тим. Не можете да направите било што, ако немате добар тим. Имам одлична поддршка на работа, кои ми овозможуваат да имам четири деца, да бидам искрена.

 

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Сцена