Стела Мекартни: Како ги надминав паничните напади по смртта на мајка ми

31 јануари 2018

Дизајнерката Стела Мекартни неодамна откри дека по смртта на мајка си, страдала од панични напади, а решението го нашла во трансцедентална медитација.

Роб Рут, извршен директор на „Дејвид Линч Фондација“ и гуру  е нејзиниот учител сега , кој им помогнал и на многу други ѕвезди, вклучувајќи ги и Опра Винфри, Хју Џекман, Том Хенкс, Кејти Пери, Елен Деџенерис, членови на Конгресот, припадници на војската, познати бизнисмени...

Роб Рут

Трансцеденталната Медитација (ТМ) се практикувала во Индија преку илјадници години. За популарзацијата на оваа медтода придонесуваат и таткото на Стела, Пол Мекартни и „Битлси“ во 1960-тите години.

Во тоа време членовите на групата се водени од контроверзниот гуру Махариши Махеш Јоги.

Стела, која е мајка на четири деца и познат дизајнер, порасната како дете на двајца практикувачи на ТМ, почнува да ја применува дури по смртта на мајка си, која умира од рак на дојка во 1998 година.

-Имав бурни реакции, не можев да ги контролирам, да се контролирам себеси. Веројатно бев поттисната од емоциите и почнав да имам панични напади, психички реакции на загубата. И ТМ ми помогна да го надминам сето тоа - вели дизајнерката.

По смртта на Линда, Пол ги носи Стела и нејзиниот брат Џејмс кај познатиот Махариши Јоги, кај кого и славните „Битлси“ во 1960-тите  оделе дури во Индија за да ги слушаат неговите часови. Тој подоцна ќе се соочи со обвиненија за измама и создавање култ.

Линда и Пол

Модната дизајнерка веќе со години одвојува 20 минути од времето за да вежба. Покрај дишењето (кое не е во фокус), практикувачите на ТМ користат и мантра за да се фокусираат и да го смират умот.

Таа дури им го нуди и како опција на нејзините вработени.

-Јас на тоа гледам како нешто што ми помогнало и сè уште ми помага... Токму едноставно. Не мора да биде сфатени низ призма на религија. Едноставно да биде опција која е достапна - посочува актерката.

Објавено:
31 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
867 пати