Стилот на Анџелина Џоли како инспирација за деловен аутфит
•
17 јануари 2023
Филмска ѕвезда, режисер, хуманитарец, светски патник – една и единствена Анџелина Џоли. Лик кој секогаш привлекува внимание, а тоа не изостанува и кога се во прашања нејзните модни комбинации.
Препознатлива е по неутралните бои, црна, бела сива и различни беж нијанси, додека комбинации во боја кај Џоли се исклучително ретки.
Нејзиниот класичен и елегантен стил е вистинска инспирација за деловен аутфит. Анџелина е голем љубител на долги капути, монохроматски кошули, едноставни блузи, здолништа...
Преферира класични салонки кои што честопати се во беж или црни нијанси.
Сумирано во една дефиниција - спој на висока класа со екстремна едноставност, вистински компромис помеѓу комфортот и софистицираноста.
Фото : Pinterest