Стилот на Блејк Лајвли

22 јули 2013

Актерката смело чекори по патот на успехот, вбројувајќи се во групата на најбарани и најсимпатични холивудски ѕвезди. Блејк Лајвли е природна, опуштена, харизматична и грациозна. Можеби не поседува фатална убавина, но сепак во себе носи доза на отменост и совршено чувство за стил. Популарната „трачарка” знае што и прилега, па секогаш одбира парчиња кои ја истакнуваат нејзината фигура и кои ставаат акцент на женственоста и сексапилот. Таа е дама со истенчен вкус, па не не чуди што важи за најдобро облечена глумица во Холивуд. Нејзината појава остава печат на црвениот тепих, а во слободно време преферира да носи кежуал комбинации.

Сопругата на Рајан Рејнолдс не се плаши да експериментира со стилот, но секогаш до одредена граница. Ги прати трендовите, сака ефектни бои, интересни кројки и форми на облека, како и гломазен накит и чевли со високи потпетици. Секогаш насмеана, „скоцкана” и модерно облечена, го привлекува вниманието и предизвикува воодушевување.

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Сцена