Актерката Ен Хатавеј денеска го прославува 36. роденден. Публиката најмногу ја запозна и засака благодарение на улогата во филмот „Ѓаволот носи Прада“, а оттогаш нејзината кариера оди исклучиво во нагорна линија.
Последните остварувања од 2018 во кои се појавува се „Ocean's 8“ и „Serenity“, кои имаат добар прием кај публиката.
А како растеше нејзината кариера, така се подобруваше и нејзиниот стил. Ен Хатавеј не се доживува како типична Холивудска ѕвезда, па во повеќе наврати изјави дека не се облекува само колку да се фотографира или само за да изгледа токму како ѕвезда.
За неа облеката е порака, а ја почитува и удобноста. Низ годините луташе со стилот, за сега да се пронајде себеси - сведени комбинации, во кои секогаш има простор и за по некој принт.
Она по што можеби е повеќе препознатлива е косата, односно менувањето фризури. Така, сме ја гледале и со убава долга коса, но и со сосема кратка, „машка“ фризура, која за волја на вистината, фантастично ѝ прилега.
Во продолжение ќе ве потсетиме на некои од нејзините најдобри, односно највпечатливи изданија низ годините.
Стилот на Ен Хатавеј низ 36 фотографии:
2004
2007
2008
2008
2008
2009
2009
2009
2009
2010
2010
2010
2010
2011
2011
2011
2011
2012
2012
2013
2013
2013
2013
2014
2014
2014
2014
2014
2015
2015
2015
2016
2016
2018
2018
2018