Светски познатата Миранда Кер има беспрекорен стил, кој претставува микс од класични, безвременски парчиња и најнови модни трендови. Дека е вистинска модна икона говори и фактот дека модните блогерки ширум светот ги преплавуваат своите интернет страни со фотографии од неа.
Како модна икона ја издвојува Одри Хепберн, применувајќи ја нејзината теза дека за добар стил не е потребно да потрошите многу пари, туку е важно како се чувствувате во сопствената кожа, притоа обрнувајќи внимание на негата на кожата. Миранда го практикува уличниот лежерен стил, комбинација од фармерки, хеланки, кошули, сакоа и јакни. Домот не го напушта без очила за сонце, голема чанта или капа. Ги обожава принтовите, а од колоритот најчесто можеме да ја видиме во црна, бела или сива варијанта.