Стилска мама ги раскажува авантурите со своите деца на инспиративниот блог @masha_theone

19 март 2019

Британската модна блогерка Маша го започнала својот блог @masha_theone откако се породила со своето прво дете и оттогаш својата пасија кон модата и мајчинските обврски ги споила во едно, креирајќи фото-дневник каде секојдневно ги раскажува авантурите со своите (сега веќе) две деца.

Низ содржините на нејзиниот блог ќе се пронајдат многу млади мајки, но истовремено нејзиниот стил е подеднакво инспиративен за сите жени кои негуваат имиџ што го комбинира женствениот изглед со актуелните трендови од уличната мода.

Во нејзиниот стил ќе забележите ненаметлива лежерност, но секогаш со доза на романтична и нежна естетика, па затоа во нејзините комбинации неизбежни се слип фустаните, лелеавите кошули, цветните здолништа, фустаните на преклоп...

Нејзината блогерска приказна е посебна и комплетна токму поради тоа што дел од неа се и нејзините две дечиња со кои објавува фотографии од обични секојдневни ситуации, а токму тоа е особено симпатично.

Еве како изгледа нивното секојдневие:

 

Објавено:
19 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
348 пати