Стилската ренесанса на Бред Пит во неговите педесетти години

24 август 2022

Улогата на Бред Пит во неговиот последен филм „Bullet Train" очекувано привлече големо внимание, но она што го задржа вниманието уште подолго на актерот беа неговите модни избори за време на промотивната турнеја за филмот која започна на 18 јули во Париз.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Grazia Italia (@grazia_it)

Иако во најголем дел, коментарите на јавноста за стилот кој го презентираше Бред Пит на овие настани беа со негативен тон, она што е јасно воочливо во овој случај е дека последниов период претставува период на силна стилска ренесанса за актерот...и тој ужива во секој момент од неа.

Речиси сите модни дизајни во кои го видовме за време на оваа турнеја беа дизајнирани од Ханс Николас Мот и Анастасија Ходкина од њујоршкиот бренд Anecho. Нивната работа се карактеризира со недовршен изглед, т.е. употреба на стуткани материјали како лен, измиена фротир или најлон, како и необработени рабови.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @cam__mood

Па така, Пит се појави во нивниот комплет од розови ленени панталони и зелена кошула за време на премиерата на „Bullet Train" во Берлин на 19 јули.

Повеќето набљудувачи не пропуштија да го искритикуваат неговиот нов стил кој сега повеќе гравитира околу лежерни ленени парчиња наместо свилени костуми и патики наспроти елегантни чевли. Многумина го нарекоа неговиот избор „невкусен" и „несоодветен", но Бред Пит очигледно веќе е во период од својот живот кога повеќе ја вреднува својата слобода и удобобност, отколку мислењето на јавноста.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

А доказ за тоа беше и неговото појавување во кафено здолниште кое го искомбинира со високи чизми, розова кошула и соодветниот горен дел, налик на сако во иста боја како здолништето.

На премиерата во Лос Анџелес, која се одржа на 1 август, тој повторно се појави во дизајн на Anecho, но овој пат зелен ленен костум кој го комбинираше со тиркизна поло маица и жолти патики Аdidas x Gucci кои одговараа на бојата на шевот на неговата јакна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brad Pitt (@thebradclub)

Во Лондон пак, тој пристигна во потемно зелен костим, поло маица и бели патики, а на премиерата се појави во темно кафеав кадифено одело и кафена поло маица.

Без разлика на тоа дали ви се допаѓа модниот стил на 58-годишниот актер, она што нам ни се допаѓа е неговата енергија и новооткриена храброст и слобода во модното самоизразување. Лекцијата која можеме сите да ја извлечеме од модните избори на Бред Пит и не е се фокусира толку на модата, колку што се фокусира на тоа дека во животот е поважно да се забавуваме отколку „што ќе речат луѓето".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bullet Train (@bullettrainmovie)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brad Pitt (@thebradclub)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Xinyan Liu (@holycolorfulpig)

Објавено:
24 август 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
313 пати