Познатата модна блогерка и авторка на блогот Oracle Fox, Аманда Шедфорд на светот му е позната како една од најголемите вљубенички во минимализмот и кул стилот, а токму такви парчиња може да се најдат и во нејзиниот дом. 

Таа ги отвори вратите од нејзиниот дом ексклузивно за австралиското издание на Ел, чиј тим имаше можност да ужива во прекрасниот ентериер каде доминира белата боја. 

За само четири месеци реновирање, Аманда го претворила својот дом во Квинсленд во вистинска шик оаза каде ужива да го поминува секојдневието и да се инспирира за нејзините активности. 

Неутралните бои што доминираат во домот на Аманда се одлична подлога за таа да може неодоливо да ги украси сите страни од куќата, па така можете да видите неверојатно стилски огледала, уникатни фотографии и украси, но и мебел што го одзема здивот. 

Она на што особено се задржавме, е нејзиниот плакар што изобилува со чевли од светски познати дизајнери, неодоливи чанти, но и бројни стилски парчиња што го разубавуваат овој плакар достоен за една љубителка на модата.

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.030 пати