Сто години британски Вог!

10 февруари 2016

По повод значајниот јубилеј 100 години од британското издание на престижниот магазин Вог, вчера во Националната галерија на портрети во Лондон, беше отворена ретроспективната изложба „Вог 100: Еден век стил" со што започна прославувањето на оваа симболична година за магазинот.

Отворањето на изложбата беше и убав повод на едно место да се соберат голем дел од оние личности кои придонеле во градењето на ликот на Вог, и оставиле свој печат низ неговите страници: фотографи, модели,стилисти, уредници, новинари...

Домаќини на изложбата беа главната уредничка на британскиот Вог, Александра Шулман и Леон Макс, а помеѓу познатите гости беа и Лара Стоун, Карли Клос, Ева Херцигова, Дакота Џонсон, модното дуо Дин и Ден, Џордан Дан и голем број други влијателни имиња во модниот бизнис.

 

Објавено:
10 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
434 пати