Суки Ватерхаус дизајнираше патики за Суперга

18 јуни 2014

Нивниот пример реши да го следи Суки Ватерхаус која дизајнираше сопствена линија на патики за италијанскиот бренд за чевли Суперга. Патиките се на платформа и  во три нијанси - црвена, бледо сина и бебешко розова боја, со три срциња на страничните делови од платформата и се продаваат по цена од 85 евра.

„Возбудена сум за лансирањето на новата колекција за Суперга. Уживав во креирањето на патиките во чии дизајни вметнав дел од себе. Се надевам дека на клиентите ќе им се допаднат и дека во нив ќе уживаат на истиот начин на кој јас уживав додека ги дизајнирав“ – изјавила Суки.

За потребите на рекламната кампања, Суки се одлучи за стајлинзи во стилот на 60-тите години, а италијанскиот бренд нејзиниот изглед го дефинираше како „sprezzatura“,  што во превод значи ноншалантен изглед.

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Сцена