Суки Ватерхаус ги следи стапките на Алекса Чанг и Рита Ора
•
21 јануари 2014
Младата русокоса британска актерка и манекенка Суки Ватерхаус, потпиша договор со брендот Суперга, според кој таа ќе биде новото заштитно лице од кампањата за пролет-лето 2014 година, која ќе биде објавена во месец март. Рита Ора и Алекса Чанг беа заштитни лица на Суперга, а модните магазини веќе пишуваат дека Суки успешно ги следи нивните стапки и станува се поактивна во модните води.
Инаку, во месец декември 2013 година, Суки стана и заштитно лице на новиот парфем Барбери Brit Rhytm.