Свадбата на Бруклин Бекам ќе биде во Црна Гора?!

20 јули 2020

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин неодамна сподели со јавноста дека ќе се жени со неговата избраничка моделот и актерката Никола Пелц.

Првичните информации во светските медиуми беа дека двојката ќе прави две свадби, една во Лондон и една во Филаделфија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @explore.balkann onJul 19, 2020 at 4:19pm PDT

Но, српскиот весник „Ало“, викендов сподели информација дека познатото семејство свадбата на синот ќе ја прави во Црна Гора, поточно на Свети Стефан. За потсетување, и Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена таму ја направија својата свадбена веселба.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@brooklynbeckham) onMar 31, 2020 at 1:57pm PDT

Како вели доброупатен извор за „Ало“, Викторија и Дејвид се одлучиле да му направат интимна веселба со околу 50 луѓе. Тие пред две години летуваа на ова прекрасно место и носат убави спомени од ова летувалиште, па токму затоа и се одлучиле за Свети Стефан. Инаку, како вели, свадбата е закажана за мај следната година, а двојката ќе се венча на плажа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by From Montenegro With Love (@montenegro_with_love) onJun 28, 2020 at 2:18am PDT

Инаку, познатото семејство во моментов е на одмор во Италија, во палатата „Борго Егнациа“ во Апулија, за која пак „Дејли мејл“ пренесува дека исто така би можело да биде едно од местата за венчавка, а од фотографиите се забележува дека се работи за неверојатно луксузно место.

 

 

Објавено:
20 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
484 пати