Светски црвен килим на „Сарaевскиот филмски фестивал“

21 август 2019

Црвенот килим на актуелниот „Сараевски филмски фестивал" е од рангот на светските, токму како што ѝ прилега на ова реномирана манифестација.

На 25-то издание на фестивалот, што трае од 16. до 23. август, се пресретнуваат различните традиции и култури, и тоа не само од позиција на филмската индустрија, туку овој фестивал е средба на која Балканот се спојува со светот и во моден контекст.

Познатите ѕвезди што се појавуваат на црвенот килим на фестивалот, може да ги видиме во раскошни изданија, голем дел од нив потпишани од балкански дизајнери и модни куќи. Секако, има и такви што се одлучиле за потписот на светските луксузни брендови.

Меѓу присутните гости деновиве, вниманието го привлекоа и познатиот пар Тарик и Лејла Филиповиќ. Убавата дама за своето појавување на црвениот килим, симболично одбра да носи дизајн од познатиот босански бренд Кафтан Студио – романтичен макси фустан со флорални мотиви со асиметричен карнер. Тарик не беше ништо помалку атрактивен, во неконвенционално сако во црно-бели пруги.

Познатата актерка Јелена Велјача, која важи за една од најдобро стилизираните жени на Балканот, за оваа прилика одбра женствена тоалета во розова нијанса.

Една од најголемите ѕвезди на 25-от „Сараевски филмски фестивал", познатата актерка Изабел Ипер, која го доби специјалното признание „Počasno srce Sarajeva", на црвениот килим се појави во елегантен црн фустан од тантела, со нагласен струк со ремен.

Уживајте во галеријата со фотографии од досега највпечатливите изданија на црвениот килим.

Фото: Sarajevo film festival, Bonjour.ba

Објавено:
21 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.004 пати