Светски ѕвезди во бохо стил ја почнаа забавата на Коачела

12 април 2014

Првиот викенд на Коачела фестивалот започна вчера, а како што и се очекуваше, на истиот се појавија голем број на познати личности.

Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио

Од своите плакари тие овојпат одбраа ултра бохо парчиња за кои многумина сметаат дека се вистинскиот избор за вакви фестивали.

Кендал и Кајли Џенер Кендал и Кајли Џенер

Се чини, кусите панталони, белите лелеави маички и фустани, како и модните додатоци како шапки, бројни ѓердани и алки беа омилени меѓу познатите и помалку познатите девојки на Коачела.

На првиот ден најголем впечаток оставија Кејти Пери која одбра куси тексас панталони, плетена бела маичка и розови балетанки со неколку бразлетни како аксесоар.

Вистински празник за очите беше шармантната Селена Гомез која за почетокот на фестивалот се одлучи за долг транспарентен фустан од тантела врз долната облека. Шапката во крем боја и долгата виткана коса беа единствениот аксесоар што и беше потребен за пејачката да изгледа одлично!

Селена Гомез Селена Гомез

На првиот ден на Коачела ги видовме и сестрите Кендал и Кајли Џенер, но не изостануваше и трендсетерката Парис Хилтон која на фестивалот дојде заедно со нејзината сестра Ники.

Парис Хилтон Парис Хилтон

Што се однесува до настапите, меѓу главните гости беше во моментов, ултра популарната Ели Голдинг, но и рап дуото Ауткаст, Брајан Фери и Алое Блек.

Објавено:
12 април 2014
Категорија: 
Сцена