Светските ѕвезди пристигнаа на „битката“ помеѓу Надал и Федерер

12 јули 2019

Голем дел од познатите холивудски ѕвезди пристигнаа на големото полуфинале помеѓу Роже Федерер и Рафаел Надал кое се очекува да почне за многу кратко време.

Во првите редови можевме да ги видиме шармантиот актер Хју Грант со неговата сопруга Ана Еберштајн, Бер Грилс со сопругата, Сер Алекс Фергусон, Пикси Лот и познатиот актер Стив Карел.

Шармантен во темно син костим беше и секогаш згодниот актер Ерик Бана кој на мечот пристигна со неговата сопруга Ребека Глисон.

Како и секогаш, така и оваа година модата на Вимблдон е беспрекорна, па речиси сите дами се појавија во впечатливи и лежерни фустанчиња, претежно со флорален принт како што и му доликува на летото.

Сер Алекс Фергусон со сопругата на синот

Инаку, Надал и Федерер последно на Вимблдон се сретнаа во 2008 – та година кога младиот Надал го победи големиот Федерер, меч за кој многумина ќе кажат дека е можеби најдобриот во историјата на тенисот.

Бер Грилс

Истиот остана запаметен како историски по тоа што беше најдолгиот финален меч со времетраење од 4 часа и 48 минути.

Леона Луис

Пипа Милдтон

Леона Луис

Џад Ло

Роже Федерер пред мечот со Надал

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
12 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
15.640 пати