Светските трендсетерки ги исполнија првите редови на Диор со нова модна инспирација

27 септември 2014

На четвртиот ден од париската модна недела се случи и ревијата на Диор на која, како што и очекувавме, се случи вистинска ѕвездена експанзија.

Во првите редови можевме да видиме некои од најголемите трендсетерки на денешницата, меѓу кои и прекрасната Оливија Палермо, Мирослава Дума, Карла Бруни – Саркози, Ханели Мустапарта, Коко Роша, Ана Дело Русо и уште многу други.

Карла Бруни Саркози Карла Бруни Саркози

Дефинитивно во највпечатлива комбинација се појави миленичката на девојките ширум светот, Оливија Палермо која овојпат се одлучи за црна комбинација со интересен ремен на половината и неодоливите Џими Чу сандали со колоритни реси.

Оливија Палермо Оливија Палермо

Подеднакво прекрасна беше и актерката и муза на Диор, Марион Котилард, која носеше црн фустан со впечатлива јака комбиниран со модерни куси седефасти чизмички во темно сина боја што се прелеваше.

Марион Котилард Марион Котилард

Во уште еден неодолив труднички стајлинг се појави и првата дама на Buro 24/7 Мирослава Дума, која овојпат одбра долг црн фустан комбиниран со совршен мантил во интензивна сина боја и чевли со истата комбинација од бои и чевли од колекцијата на Диор.

Мирослава Дума Мирослава Дума

Во однос на колекцијата, Раф Симонс од Диор прикажа интересна колекција зачинета со многу бели футуристички креации прераскажани преку панталоните со висок струк, кошула – фустан моделите, како и долгите свилени мантили и елеците во јаки бои.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Сцена