Таа е најубавата жена во светот за 2014 година

24 април 2014

На само два месеца откако го освои Оскарот за најдобра женска споредна улога, актерката со кенијско потекло, Лупита Нјонго, е прогласена за најубава жена на светот според реномираниот американски магазин „People“ кој секако, за најновото издание ја позиционира Лупита на насловната страна. Во случај да помисливте дека изборот на женската  убавина е субјективн, се лажете. Секоја година магазинот прави селекција на 50 најубави жени од кои ја избираат најубавата за тековната година. Инаку, во потесниот избор, односно во топ 10 се најдоа и Кери Расел, Џена Деван, Минди Кејлинг, Пинк, Амбер Херд, Моли Симс, Стејси Киблер, Кери Вашингтон и други.

-Ова е навистина голем комплимент. Среќна сум помислувајќи на моментот како сите ме гледаат на насловната страна. Мајка ми секогаш ми кажуваше дека сум убава. На крај, еве некако и поверував, вели Лупита и додава дека сепак среќата е нешто најважно за неа.

Инаку, црномурестата актерка од неодамна стана и заштитно лице на козметичката куќа „Ланком“.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Сцена