Темната страна на Ив Сен Лоран

21 јуни 2014

Токму поради таа причина истиот е санкциониран од партнерот на Ив Сен Лоран, Пјер Берже, кој за потребите на снимањето дозволи да се користат оригинални креации од модната куќа. Сепак поради разните реакции кои ги предизвика филмот, режисерот Џалил Лесперт објаснил дека сакал да ја открие темната страна на дизајнерот, со цел да го прикаже во вистинско светло, а не за да ја уништи неговата репутација.

Уште од самиот почеток режисерот бил решен да користи исклучително оригинални креации од модната куќа пред се поради големиот број ткаенини кои тој ги користел за изработка, а кои денес веќе ги нема во производство.

За собирање на повеќе информации, режисерот остварил средба со Лоренс Бенам кој работел со Ив Сен Лоран седум години и ја има напишано неговата биографија и со Доминик Дерош, неговиот личен асистент и продавачка во првиот бутик на модната куќа.  Таа била со него до крајот на неговиот живот.

За Џалил, најинспиративни биле годините на дизајнерот кога тој доживува најголем успех во кариерата, но и љубовните приказни кои се поврзани со создавањето на колекциите. Исто така, режисерот  ги прикажува хуморот и темната страна на Сен Лоран, но и врската со Пјер, конзумирањето на алкохол и дрога, но и компликациите поврзани со живеењето со други луѓе.

Според режисерот, најдобар наследник на ликот и делото на Ив Сен Лоран е токму Хеди Слиман пред се поради тоа што има соработувано со него и бил негов асистент, па најдобро знае како да ги оживее неговите визии во реалниот свет.

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Сцена