Тијана блесна на сцената на „Златна бубамара“ во впечатливо трендовско одело од „Елена Лука“

28 февруари 2020

Новото, 23 издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа вчера во арената „Борис Трајковски“. Под мотото „Нема правда, има Бубамара“, се пошегувавме одново на своја сметка, но и се доделија наградите на најуспешните од минатата година.

Меѓу нив беше и екипата на тв ситкомот „Преспав“. Освен што ја добија наградата за „Најдобар тв проект“, тие ја почестија публиката и со нова песна, насловена како „Цел живот го преспав“.

Тијана Дапчевиќ, која во серијата ја гледаме како Германката Ула, довербата за изгледот повторно ѝ ја даде на домашната модна куќа „Елена Лука“.

 

Таа на сцената блесна во трендовско парче во впечатливи нијанси. Се работи за одело, кое е вистински моден хит веќе неколку сезони наназад, а кое Тијана одлично умее да го носи.

Имено, како и досега, тимот на македонскиот бренд направи комбинација на трендовско парче и модниот сензибилитет на Тијана, создавајќи стајлинг во кој таа ќе изгледа впечатливо, моќно и сценски, а воедно ќе се чувствува пријатно и удобно.

Со интересната и привлечна комбинација на бои, материјалот со пулејки кој е апсолутно модно доминантен во моментов и кројот кој ѝ ласка на нејзината појава и фигура, тимот на „Елена Лука“ и Тијана испишаа уште една успешна модна приказна.

Објавено:
28 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.723 пати