Тијана прекрасна во комбинезон на Елена Лука во спотот со The Frajle

5 април 2019

Пред само неколку часа и официјално беше објавен видео спотот за преработката на песната „Negativ“ на Тијана Дапчевиќ, овојпат испеана во друштво на фантастичните The Frajle.

Како што прекрасните девојки објавија на социјалните мрежи, песната е најава за нивниот нов албум со кој ќе ја одбележат деценијата постоење и концертите што наскоро треба да ги одржат низ Балканот.

Hello! magazin

Дека тие се совршен спој со Тијана, докажаа и во оваа песна која звучи одлично во нивна заедничка изведба и во поинаков аранжман.

Како и секогаш, сите девојки изгледаат одлично во шик креации во претежно јаки бои, додека Тијана блеска во црн комбинезон од модната куќа Елена Лука со која има соработувано во повеќе наврати.

Станува збор за креација изработена од светкав уникатен материјал, со деколте во предниот дел, нагласени рамена и половина со сатенска лента.

Пејачката комбинезонот го украси единствено со часовник, додека шминката и фризурата како и секогаш се супер ефективни.

Погледнете го видео спотот. 

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.778 пати