TINA: Документарен филм за животот на легендарната Тина Тарнер во продукција на HBO

13 февруари 2021

НВО ќе ги почести фановите на Тина Тарнер со документарен филм за животот на пејачката. Филмот ќе го носи името TINA, а од HBO ветуваат дека ќе понуди интимен поглед во нејзиниот живот и кариера. Премиерата е закажана за 27 март на HBO.

Филмот содржи интервјуа со пејачката снимени во нејзиниот дом во Швајцарија, ретки архивски снимки старии повеќе од 60 години, а меѓу останатите кои ќе зборуваат за Тина сеи  Ангела Басет, Опра Винфри, Катори Хол и нејзиниот сопруг Ервин Вах. Покрсј блескавите моменти во кариерата, документарнјот филм ќе го опфати и насилството кое е вршено врз пејачката од страна на нејзиниот поранешен сопруг, Ајк Тарнер.

Објавено:
13 февруари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
178 пати
Тагови: 
Тина Тарнер HBO