Младата 24- годишна поп ѕвезда Тејлор Свифт е прогласена за најдобро облечена позната личност на годината според магазинот „People“. Ѕвездата која постојано не воодушевува со својот беспрекорен стил и префинет вкус, се најде на врвот од листата меѓу 10 модни икони меѓу кои: Лупита Нјонго, Џенифер Лопез, Ријана, Ема Стоун и Ема Вотсон.
Последното место го делат две ѕвезди во подем, Клои Грејс и Кирнан Шипка. Како што пренесуваат странските медиуми, русокосата Свифт го добива признанието поради својот женствен, креативен и секогаш поинаков стајлинг кој се надополнува на нејзиниот сензибилитет.
Клои Грејс
Киран Шипка
Минатата година оваа ласкава титула и припадна на Кери Вашингтон, која овој пат не е на списокот. Магазинот „People“ направи селекција и на најдобро облечените парови, а тоа се музичарот Џон Леџенд и манекенката Криси Тиген, кантри ѕвездата Блејк Шелтон и Миранда Ламберт, како и водителот Сет Мејерс и неговата сопруга Алекси Аше.