TK Wonder владее на модните улици

1 март 2018

Нашата публика TK Wonder ја запозна преку нејзините фантастични настапи со македонскиот музичар Кирил Џајковски, а исто така таа му е позната и на светскиот аудиториум како мултимедијален уметник што буквално владее на музичката сцена.

Но, TK Wonder исто толку успешно се снаоѓа и на модната сцена. Таа заедно со нејзината сестра близначка, Чиприана Куан се вистинска атракција низ улиците на Њујорк каде што и живеат, благодарение на нивниот егзотичен изглед и уникатен имиџ.

Многу често ќе ги сретнете двете сестри низ галериите со фотографии од уличната мода, на страниците на светските модни магазини. Едноставно е невозможно нив да ги одмине окото на фотоапаратот, затоа што се толку впечатливи и посебни, вистинско олицетворение на она што значи индивидуален и автентичен стил.

Ние направивме избор од нивните последни појавувања на модните улици за време на неодамна завршената Модна недела во Њујорк.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
1 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
178 пати