Тони 2015: Црно-белата класика доминантна на црвениот килим

8 јуни 2015

Во Radio City Music Hall во Њујорк вчеравечер се одржа 69-тото годишно доделување на театарските награди Тони. Домаќини на манифестацијата беа Кристин Ченовет и Алан Каминг, кои се потрудија на духовит и уметнички начин да ги забават присутните.

домаќините Кристин Ченовет облечена како ЕТ и Алан Каминг домаќините Кристин Ченовет облечена како ЕТ и Алан Каминг

Апсолутниот фаворит, мјузиклот Fun Home, кој имаше дури 12 номинации, беше прогласен за најдобар мјузикл, а ги освои наградите и за најдобра книга за мјузикл, за најдобра музика односно стихови, најдобар режисер. За најдобра претстава пак беше прогласена The Curios Incident of the Dog in the Night-Time.

Кога е актерската екипа во прашање, Хелен Мирен ја доби наградата за најдобра актерка во главна улога за драмата The Audience, додека Кели О’Хара е најдобрата главна актерка во мјузиклот The King and I.

Хелен Милер со наградата за најдобра актерка во главна улога Хелен Милер со наградата за најдобра актерка во главна улога

Кога е дизајнот и костимографијата во прашање, Тони за најдобар дизајн на сценографија на мјузикл отиде кај An American in Paris. Најдобра костимографија имаат претставата WolfHall и мјузиклот The King and I. Наградите за најдобра кореографија и  оркестрација отидоа кај An American in Paris.

Наградата за животно доситигнување во театарот му припадна на Томи Тјун, додека специјалната Тони награда ја прими Џон Камерон Мичел. Комплетната листа на добитници можете да ја видите тука.

Кристен и Алан го гушкаат добитникот за животно дело Томи Тјун Кристен и Алан го гушкаат добитникот за животно дело Томи Тјун

Џон Камерон Мичел Џон Камерон Мичел

Покрај гламурозната сцена, гламурот секако беше присутен и на црвениот килим. Софистицирани креации во бела и црна боја беа доминантни. Хелен Мирен се појави во бела тоалета со тантела, што многумина ги потсети на венчален фустан, но сепак одлично ѝ прилега. Бела Хадид се одлучи за бела едноставна креација со потпис на Прабал Гурунг, а белата боја беше избор и на Џенифер Греј и Труди Стајлер која се појави во друштво на Стинг, еден од номинираните за најдобра музика.

Црната беше сигурен избор за Тејлор Шилинг која се појави во долг фустан со геометриски детал со потпис на Мајкл Корс. Абер Валета и Кет Денинигс беа дел од оние што се одлучија за црна боја.

Тејлор Шлилинг во Мајкл Корс Тејлор Шлилинг во Мајкл Корс

Во интересна цветна креација на Оскар де ла Рента се појави Елизабет Мос, а цветниот принт беше изборот и на Констанс Јаблонски.

Елизабет Мос во Оскар де ла Рента Елизабет Мос во Оскар де ла Рента

Џенифер Лопез која на неколку гламурозни настани претходно се појави во транспарентни фустани, по што беше изложена на критика. Затоа, за оваа пригода таа одбра впечатлив син фустан на Валентино, а со шминката и фризурата потсети на дивите од стар Холивуд.

Џенифер Лопез во Валентино

Келвин Клајн беше изборот на Емили Ратајковски и Кендал Џенер.

Емили Ратајковски во Келвин Клајн

Кендал Џенер во Келвин Клајн

Во продолжение погледнете ја галеријата од црвениот килим.

Something Rotten

Селфи на Хелен и Дебра Селфи на Хелен и Дебра

Објавено:
8 јуни 2015
Категорија: 
Сцена