Тони Матичевски: Не позајмувам фустани за на црвен килим!

6 февруари 2016

Дизајнерот со македонско потекло и австралиска адреса во ексклузивно интервју за хрватското издание на Buro 24/7 говори за неговите почетоци, успесите, за страста и предизвиците во животот. Она што е особено интересно, во интервјуто тој објаснува и зошто не сака да позајмува фустани за црвениот килим, но и дека сѐ што работи, работи според неговиот инстинкт.

Во продолжение, прочитајте дел од интервјуто на дизајнерот со македонско потекло кој веќе 15 години успешно работи во Австралија.

Твојот бренд започна со работа пред 15 години. Кога ќе направиш споредба, како беше во почетокот, како денеска?

-Единствената разлика е што денеска тимот е поголем, сѐ се од одвива со голема брзина, а некои работи е полесно да се направат. Има работи што се потешки, имам помалку време за приватен живот, општо, имам малку време за сѐ. Навикнав постојано да работам самостојно, но денеска сум привилегиран што имам тим кој е посветен на работата, има неверојатна страст и сите се навистина среќни.

Кои би биле трите збора со кои би ги опишал твоите дизајни?

-Романтични, страсни и имагинативни.

Кој тип на жени ве инспирира?

-Ги сакам сите типови на жени. Не сакам да се ограничувам на еден тип жени кои би сакал да ги облекувам... Ако одбереме еден тип жена која ќе носи Матичевски дизајн, тоа би била сестрана жена.

Твоите дизајни ги сакаат и девојките од Холивуд. Имаш ли омилени амбасадорки на брендот?

-Навистина сакам да работам со луѓе кои ја сакаат мојата работа. На потешкиот начин научив дека подарувањето или позајмувањето фустани за фотографирање на црвениот килим би било напразно, ако тој фустан не заврши во рацете кај онаа личност која навистина го позајмила. Во светот има толку прекрасни жени кои ги носат моите дизајни, а и жените од Холивуд се мал дел од тие.

Работеше и како костимограф. Како тој аспект е поразличен од создавањето на pret – a – porter или висока мода?

-Единствената разлика е тоа што во костимографијата не треба сѐ да биде точно направено. Поважно е да се создаде облека која е отпорна на секое движење. Исто така, во костимографијата може да се покаже и „малку месо“, а сето тоа изгледа прекрасно на згодните тела на танчарите, а особено на тело што прави некое движење во танцот.

Објавено:
6 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.419 пати