Топ 5 кежуал комбинации од Џесика Алба

28 април 2014

Џесика Алба е една од оние дами кои знае беспрекорно да ги комбинира трендовите, а бидејќи денес таа го прославува 33-от роденден, ќе ви понудиме топ 5 комбинации од актерката кои може ќе ве инспирираат да го следите нејзиниот имиџ. Бидејќи најголем дел од времето го поминува со децата, Алба секогаш одбира комфорни чевли, комбинезони или панталони со машки крој. Сепак тоа што секогаш ја издвојува се впечатливите модни додатоци, а ретко кога може да се забележи без  очила за сонце и чанта која е тренд сезоната.

Еден од највпечатливите стајлинзи беше комбинацијата на блуза со барок принт, плисирано мини здолниште и чизми до колена. Доколку сте љубител на кошули, тогаш сигурно ќе ви се допадне изборот на Алба од фармерки со машки крој, карирана кошула, кожена јакна, капа и мокасинки со леопардов принт. Доколку сакате префинет изглед, тогаш следете го примерот на актерката од комбинација на бела кошула со долго сако во сива нијанса, фармерки, црвена чанта и чизми до глужд од Рејчел Зое.

 

Бидејќи Џесика е фан на принтовите, таа секогаш знае да направи интересен спој на горниот и долниот дел. Па така и овој пат за денска прошетка одбра аутфит од широки панталони со принт, маица со пруги, кардиган и задолжителниот аксесоар – очила за сонце. За крај, доколку често патувате, одберете широки панталони, маица во пруги, капут во мастило нијанса и впечатлива црвена чанта.

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Сцена