Трамп, мисирката и елегантната Меланија

25 ноември 2020

После пречекувањето на новогодишната елка во Белата куќа, првата дама се погрижи да организира традиционален настан - трка односно борба на мисирки, во очи на американскиот празник, Денот на благодарноста.

Она за што најмногу се зборува се фотографиите на кои Трамп ѝ се обраќа на мисирката-победник, што е дел од традицијата, а од фотографиите изгледа како да сака да ја зграпчи, што предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Уште посмешен е изразот на Меланија, за кои некои се шегуваат дека е полн со страв за мисирката.

„Корн, со ова во во потполност давам согласност за твое помилување“, рече Трамп.

Братот на Корн, Коб, ја немаше таа среќа.

Сепак, тоа не значи дека Коб ќе се најде на претседателската трпеза. Сите мисирки се изложуваат на разни универзитетски ветеринарни образовни институции.

Овие две конкретно, ќе бидат изложени во Ајова, од каде и потекнуваат.

Од друга страна, Меланија се појави во нова сведена и модно очекувана комбинација.

Модните медиуми, го ставија во фокус нејзиниот капут. Се работи за модел креиран од модното дуо Долче и Габана. Со строг крој, ситен пепито дезен, но со светкави нишки, ова е идеално парче за празничната сезона.

Со ревери и едноредно закопчување и џебови, ова парче совршено соодветствува на елегантниот стил по кој првата дама на САД е препознатлива.

На некои од фотографиите се забележува дека под капутот таа носи зелено кожено здолниште, а горе претпоставуваме дека се работи за блуза или кошула со V-израз.

Колор-блок чевли на висок потпетица се модниот додаток кој го заокружува нејзиниот стајлинг.

Без дополнителен накит, сосема едноставна фризура, Меланија покажа уште еднаш како и минимализмот умее да биде ефектен и впечатлив.

 

Објавено:
25 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.439 пати