Трикот на Софија Вергара за визуелно подолги нозе

17 декември 2013

Софија Вергара успеа за кратко време да ги освои симпатиите на светската јавност со својот шарм и егзотичен изглед. Покрај тоа што секогаш изгледа беспрекорно на црвените килими, тоа што луѓето помалку го знаат за неа е дека секогаш одбира парчиња за лежерен изглед, кои одлично ги прекриваат истакнатите колкови и ги прават нозете да изгледаат визуелно подолги.

Сето тоа е благодарение на ѕвонарките. Доколку сакате да го постигнете овој ефект комбинирајте ги ѕвонарките со чевли со висока потпетица кои дополнително ќе направат да изгледате визуелно послаби и повисоки.

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Сцена