Убиена внуката на Морган Фримен

17 август 2015

Светот сабајлево го потресе веста за смртта на внуката на актерот Морган Фримен, 33-годишната Едена Хајнес. Нејзиното тело е пронајдено околу 3 часто по полноќ на Менхетен, по што е однесена во болница во Харлем, но за жал, не можело ништо да се стори, Едена веќе била мртва. 

Се претпоставува дека виновникот е нејзиниот дечко, кој веднаш е уапсен. Како пренесуваат странските медиуми, покрај телото стоело нејзиното поранешно момче, кое неконтролирано викало, па е однесен и на психијатрија. 

Полицијата сè уште не го открила идентитетот на убиецот, ниту пак мотивот на страшниот чин. Сепак, постојат инсинуации дека се работи за егзорцизам. 

местото каде што е пронајдена Едена

Постои очевидец кој на полицијата ѝ кажал дека успеал да види сè преку прозорецот на својот дом.

-Излезете ѓаволи! Јас ќе ве исфрлам! Ќе ве протерам во името на Исус Христос! - викаше човекот до неа - вели очевидецот.

момчето Ламар Девенпорт (лево), соседите кажуваат што виделе (десно)

Инаку, Едена е внука на првата сопруга на Морган Фримен, Жанет Бредшо, со која се раздели после 12 години брак.

После веста за смртта на неговата внука, актерот изјави:

-Семејството и пријателите имаа среќа што можеа да ја запознаат и да видат каква личност е. Нејзината ѕвезда засекогаш ќе сјае во нашите срца, мисли и молитвите. Нека почива во мир.

Пред три години, актерот реагираше на гласините дека планира да се ожени со својата внука и дека со години се во романтични ѕвезди.

-Неодамнешните информации за венчавката и романтичната врска се измислици на таблоидите што само сакаат да го зголемат својот тираж. Тоа што ме загрижува е тоа што со тие измислици сега се занимаваат и вистинските весници - изјави тогаш Фримен.

Објавено:
17 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.912 пати