Уметноста да се биде Ријана

17 април 2019

Иако во последно време нема нова музика, туку активно работи на линијата за долна облека и онаа козметичката, Ријана е дефинитивно една од најпознатите музички диви што се појавиле на сцената било кога.

Ако на тоа го додадеме нејзиниот моден стил и како таа може да се трансформира и да изгледа шик и во најлудите креации, тогаш знаеме дека се работи за навистина моќна жена.

Токму тоа го направи и за последната фотосесија за магазинот Harper’s Bazaar во која изгледа подобро од кога и да е во ултра уникатни креации од познати светски дизајнери.

За фотосесијата, тимот модни уредници одбра раскошни креации од Живанши, Диор, Шанел, Марџела и Валентино.

Соодветно на креациите се менува и шминката на пејачката, па така од нежна со истакнати бели трепки, можеме да ја видиме и со колоритна сенка во неколку бои.

Фотографиите за познатиот магазин ги направи Денис Леополд, а во продолжение можете да погледнете како изгледа единствената Ријана која ќе се појави на дури две насловни за мајското издание на Harper’s Bazaar.

Инфо и фото: Dennis Leupold/Harper's Bazaar

Објавено:
17 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
230 пати