Уникатниот моден стил на Улијана Сергеенко

27 ноември 2014

Нејзината љубов кон фолклорот, ретро силуетите и раскошните креации претходно предизвикуваа чудење и потсмев, но Улијана Сергеенко со порцеланскиот тен, кристално сините очи и аристократскиот став, стане олицетворение за женската грациозност, со враќање кон руските корени. Иако стилот често го комбинира со модерни парчиња, сепак најголем простор во нејзиниот гардеробер заземаат парчињата со костимографски елементи. Улијана и Мирослава Дума, успеаа за краток период да станат дами чиј стил го копираат милиони девојки, насекаде во светот.

За копирање на стилот на Сергеенко не е неопходно да носите исклучително дизајнерски парчиња. Потребно е да бидете креативни и да побарате парчиња во винтиџ шоповите (првиот фустан кој го купи Улијана беше од винтиџ шоп во Лондон, со потпис од Живанши). Од денешен апспект, Улијана е успешна модна дизајнерка, чии креации се дел од содржините на еминентни модни магазини, а ја нарекуваат црвена кралица, руска божица и ретро принцеза.

Последната колекција ја претстави за време на модната недела во Париз, а нејзини креации носеа Ким Кардашијан, Рита Ора и Ријана. Улијана Сергеенко е еден од ретките примери дека уникатниот моден стил е неопходен за да се истакнете во мноштвото на модни трендсетери, кои секојдневно ги гледаме низ улиците на светските метрополи.

Преземено од Buro 24/7
Објавено:
27 ноември 2014
Категорија: 
Сцена