Уште една ласкава титула за Амал Клуни

16 декември 2014

Оваа 2014-та година се покажа како создадена за Амал Клуни. Taa  стана сопруга на најпосакуваниот актер, Џорџ Клуни, a сега се закити со уште една титула за најсофистицирана личност за годината што изминува, покрај многуте останати признанија доделени од страна на светските медиуми за најстилска дама.  Американската телевизиска новинарка Барбара Волтерс, уште од  1993 година ја создава својата селективна листа од  влијателни и славни личности, а овој пат предност и даде на Амал Клуни.

Во изјава за медиумите новинарката вели дека шармантната Амал ја именувала со титулата за најсофистицирана поради повеќе околности со кои го поврзуваа нејзиното име.

-Може да се каже дека нејзината венчавка беше случување на годината. Но, погледнете на тоа од друга перспектива: тоа беше многу повеќе од обична венчавка. За некое чудо, Амал ретко беше предмет на лоши и завидливи коментари. Мислам дека тоа е така поради нејзината совршеност. Или можеби зашто сакаме да веруваме дека без оглед на тоа колку време е потребно, сепак може да се најде сродна душа која некаде не чека. Токму тоа ја прави Амал  најсофистицираната личност во 2014 година, изјавува новинарката Барбара Волтерс.

Останатите девет имиња на листата се: Скарлет Јохансон, Нил Партик Харис, Дејвид Кох, Опра Винфри,  Челси Хандлер, Мајкл Стрејн, Елон Маск, Џорџ Р. Р. Мартин и Тејлор Свифт.

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Сцена