Вечера, чоколадна торта и бакнежи за Дејвид Бекам

3 мај 2019

Дејвид Бекам вчеравечер го прослави 44 – тиот роденден во друштво на неговото семејство на вечера во локален ресторан во Лондон.

Поранешниот фудбалер уживаше во друштво на неговата сопруга Викторија и децата Бруклин, Ромео, Круз и малата Харпер која за него подготви и чоколадна торта, а на роденденот присуствуваа и неговите родители и сестрата.

Прославата на неговиот 44 – ти роденден започнала рано утрината кога неговите деца го разбудиле со неговиот омилен сендвич со кобасици, по што му биле презентирани сите подароци и честитки што тие ги направиле за него.

Сите подароци тој ги сподели на неговиот Инстаграм профил, а најинтересен беше оној од неговата сопруга во кој беа сместени неколку дезодоранси за кој самиот ќе каже дека си ги побарал.

Секако, тие му подариле и луксузна дизајнерска торба со неговите иницијали, а го наполниле и целиот дом со прекрасни сребрени балони.

Погледнете како шармантниот Дејвид Бекам го прослави роденденот.

 

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
683 пати