Венчаница која го освои светот

26 јуни 2014

Пред неколку дена во брак стапи прекрасната шведска блогерка, позната по минималистичкиот стил и класичните комбинации, а за најважниот ден во својот живот се одлучи за фустан од модната куќа Баленсијага.

Елегантната венчаница со асиметричен крој воодушевува поради едноставниот, а сепак уникатен концепт кој може за многумина ни одблиску не ги исполнува условите за венчален фустан. Но сепак, кога се работи за Елин Клинг изборот на креација не не изненадува, бидејќи таа секогаш знае да пронајде парче кое тотално ќе се вклопи во однос на нејзиниот стил.

Венчаницата во беж нијанса, блогерката ја комплетираше со сандали, едноставна фризура и минимален мејкап, а Елин на својот профил на Инстаграм постираше неколку фотографии од невестинскиот фустан кој го воодушеви светот.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Сцена