Венчавката на Дајана и Чарлс од друг агол...

12 август 2015

Колекција од 12 досега необјавени фотографии од свадбата на принцезата Дајана и принцот Чарлс, овие денови ги преплавија светските медиуми.

На фотографиите се гледаат интересни моменти од „зад сцената“ во Бакингемска палата за време на нивната фамозна венчавка.

Вкупно 34 години откако се случи нивната свадба, овие 12 фотографии деновиве ќе бидат ставени на аукција и секој заинтересиран ќе може да купи една од нив.

На дел од фотографиите можеме да ја видиме атмосферата на приемот од свадбата што се одржа на 29 – ти јули 1981 година, веднаш по свечената церемонија во катедралата Сент Пол.

На фотографиите може да ја видиме прекрасната принцеза Дајана со членови на кралското семејство, меѓу кои и Кралицата Елизабета, принцот Чарлс, принцезата Ен, принцезата Маргарет и принцот Ендру.

Меѓу фотографиите има и неколку од принцезата заедно со нејзината најмала деверица Клементин Амбро, додека на друга фотографија можеме да ја видиме двојката како ја поздравува толпата луѓе од нивниот балкон.

Во продолжение, погледнете ги фасцинантните фотографии од прекрасната Дајана.

Објавено:
12 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.768 пати