Вествуд ја открива интимната страна на пријателството со Кејт Мос

28 април 2014

По повод новата колекција на славната манекенка Кејт Мос во соработка со Топшоп, снимени се осум кратки филмови во кои познати пријатели на манекенката, зборуваат за нејзините подеми и падови во кариерата. Прва што исктрено ги сподели доживувањата со Мос е дизајнерката Вивијан Вествуд, која ја запознала Кејт уште во нејзините тинејџерски години. Во продолжение  освен преку видео ги набројуваме најинтересните изјави на популарната британска дизајнерка за Кејт.

-Таа има голема аура околу себе со која ги привлекува луѓето. Секоја пат кога разговараме имам впечаток дека коваме заговор, а тој е толку интимен.

-Никогаш не сум видела личност со толку раздвоени очи.

-Таа ја сака модата, ја разбира облеката, а уште поважно знае како да се однесува кон неа. Кејт има нешто посебно.

-Таа е најмодерната личност на планетата.

-Но, јас сум поубава. Тоа е тоа, завршува дизајнерската панк икона.

#t=77

 

 

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Сцена