(Видео) Блејк Лајвли го коментира својот стил од 2005 до сега

10 мај 2022

Актерката Блејк Лајвли важи за една од најдобро стилизираните. Она што во повеќе наврати го споменувала е дека не соработува со стилист и никогаш не го ни правела тоа.

Со оглед на густиот распоред и недостатокот на време, секогаш сама ги осмислувала своите изгледи, бидејќи како вели, има посебен, изграден личен стил и добро знае што ѝ прилега.

За магазинот „Вог“ се согласи да ги прокоментира своите модни комбинации од 2005 година, па се' до сега:

Во видеото се потсетува на нејзиниот црвен килим во 2005 година, каде носи искинат џинс и маичка. Исто така, открива дека нејзината мајка има модни вештини и дека буквално од ништо може да направи чуда, па веројатно тој талент го наследила од неа.

 Крајот на видеото е резервирано за последниот изглед од Мет Галата.

Целата приказна е во видеото погоре.

Објавено:
10 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.742 пати