ВИДЕО: Дизни го најави филмот Cruella со Ема Стоун во главната улога и очекувањата се огромни

18 февруари 2021

Легендарна, помалку чукната и брилијантна во своите актерски способности, оскаровката Ема Стоун, заедно со својот солидно извежбан британски акцент, ќе ја толкува улогата на Круела Де Вил во младите години.

Гигантот Дизни вчера ја пушти во етерот видео најавата за филмот. Дејството е сместено во Лондон во 70-те, а се врти околу младата надежнадизајнерка Естела Де Вил, која поради разни случувања ќе стане Круела, онаква каква што ја познаваме.

Фактот дека Дизни имаат нова пасија кон создавање live action верзии на цртаните филмови кои ни го обоија детството, покажаа обработките на Cinderella, Mulan, Lion King. Но, покрај Maleficent и сега Cruella, кој е следниот дизниев негативец кон кој ќе треба да развиеме емпатија? Од друга страна, веројатно е добро да се слушнат и двете страни на секоја приказна. 

Но, многумина корисници на Твитер и останатите социјални мрежи се гневни на Дизни на ваквиот пристап, изискувајќи објаснување, како да чувствуваат емпатија кон лик чија цел е да убива кучиња и од нивната кожа да прави облека.

Други пак, не можеа да одолеат, а да не направат споредба помеѓу ликот на Круела и оној на Џокер кој го толкуваше Јоаким Феникс, улога за која актерот се закити со Оскар. Публиката генерално беше воодушевена што ќе добиеме женска верзија на Џокер.

А имаше и такви кои ја споредуваа со Харли Квин од Suicide Squad.

Имаше и онакви кои го искористија моментот, едноставно да се пошегуваат.

Во секој случај, брилијантна, лоша и помалку луда, улогата е створена за Ема Стоун и веројатно ќе ги исполни сите очекувања и достојно ќе влезе во чевлите на Глен Клоуз. Постарата актерка која ја толкуваше Круела во 101 Далматинец и неговото продолжеание, се јавува како продуцент на филмот, а покрај Стоун, во останатите улоги ќе ги видиме брилијантните Ема Томпсон, Пол Валтер Хаузер, Марк Строн и Џоел Фрај. Премиерата на филмот е закажана за 28 мај.

Објавено:
18 февруари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
447 пати