Видеo - Емотивен говор на Лејди Гага на Греми 2019: Не го потценувајте менталното здравје

12 февруари 2019

Лејди Гага апсолутно зад себе има година на пресврт и тоа во позитивен контекст. 2018-та за неа беше година во која таа блесна со полн капацитет. Римејкот на „A star is born" лично за неа е ново ниво во нејзината кариера, но и историски момент за светската кинематографија. Успехот не остана незабележан ниту на завчера одржаните музички Оскари, односно Греми наградите за 2019 година.

Покрај тоа што наголемо се зборуваше за нејзиниот неприкоснован, перфектен изглед, Лејди Гага освои Греми награда за Најдобро поп дуо односно најдобар Групен перформанс за „Shallow".

Во краткиот, но моќен говор што таа го одржа на сцена по примањето на признанието, Гага стави акцент на менталното здравје и психолошките проблеми со кои се соочуваат многу нејзини колеги, а што како тема повеќеслојно е опфатена и во филмот.

„Му благодарам на Господ и на моето семејство. Ве сакам. Посакувам и Бредли сега да беше тука, но тој е во моментов во Лондон на BAFTA наградите. Ако немам шанса пак да го кажам ова, сакам да го искористам моментот да изјавам дека сум многу горда што сум дел од овој филм. Сакам да потенцирам колку е важно да се зборува за проблемите со менталното здравје. Многу артисти се соочуваат со такви проблеми. Затоа мора да се грижиме едни за други. Затоа е многу важно ако знаете дека некој се соочува со таков проблем, немој да го игнорирате. Па дури и ако вие со соочувате, иако тоа може да биде многу тешко, потрудете се да најдете храброст внатре, длабоко во себе... Ве сакам", и се обрати Лејди Гага на публиката.

Погледнете го видеото од нејзиниот говор.

 

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.566 пати