(ВИДЕО) Кога Ким Кардашијан облекува панталони од латекс...

23 март 2020

Ким Кардашијан беше една од посетителите на модната недела во Париз одржана неодамна и одлучи да го привлече вниманието во комплет изработен од латекс.

Се работи за панталони, горен дел и палто, креација со потпис на модниот бренд „Балман“. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) onMar 9, 2020 at 4:33pm PDT

 Ако сте од оние што мислат дека ѝ стои совршено и дека изгледа супер, она што е сигурно е дека не се чувствувала така. 

Во рамки на шоуто „Кардашијанс“, таа сподели со публиката колку било комплицирано облекувањето на ваков комплет.

 Покрај тоа што едвај успева да ги навлече панталоните, таа коментира дека латексот толку стега, што чувствува дека кожата ја боли. 

Сепак, и покрај тоа што ѝ е сосема неудобно, таа поминала часови во латекс облека, а сè за да привлече внимание и да биде модно интересна. А истиот стајлинг, само во друга боја го повтори и пред неколку дена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) onMar 12, 2020 at 10:47am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) onMar 17, 2020 at 10:48pm PDT

Не е првпат Ким да трпи за убавина. За потсетување, еден од најкоментираните изгледи од минатогодишната Мет Гала беше токму тој на Ким, во кој беше неверојатно многу стегната, за да добие изглед на песочен часовник и тенка половина.

И да, секоја жена понекогаш трпи за убавина. Високи потпетици, мидер..., но сепак во време кога облеката може да претставува и убавина и удобност, не бидете Ким.

Објавено:
23 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
52.826 пати