(Видео) Реакцијата на Новак Ѓоковиќ кога му го купиле првиот рекет...

8 јуни 2020

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ изгледа уште од дете знаел што ќе биде. Во контекст на ова оди и видеото кое викендов го сподели на Инстаграм.

На снимката, која досега не беше пласирана во јавноста, се гледа неговата реакција кога ќе дознае дека му купиле рекет. Првиот што некогаш го имал. 

Невидена среќа и радост бликаат од лицето, а секако, прославата за подарокот оди рака под рака со караоке, нешто што тенисерот и денес го практикува :).

„Добро е да се осврнете на почетоците... да се потсетите како започнало сè. Бев толку среќен што го добив својот прв рекет, погледнете го моето лице“, напиша Ѓоковиќ под објавата.

Погледнете:

 

Објавено:
8 јуни 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.233 пати