(ВИДЕО) Во светкави креации на „Балман“ Џеј Ло настапи на „Тајмс Сквер“

4 јануари 2021

Џенифер Лопез е ѕвездата која беше избрана годинава да настапи на традиционалниот новогодишен концерт на „Тајмс Сквер“, кој годинава беше посветен на медицинските работници.

Латино дивата одлучи да се појави во сребрено-ледени креации со потпис на „Балман“. Првото појавување беше во бела креација со пердуви долга неколку метри, во која изгледаше како бела статуа, за потоа да се симне на сцената во светкавото одело со нагласени раменици. На крај ја видовме во тесен комбинезон.

За време на осумминутниот настап, таа ги испеа хитовите „Waiting for tonight, и "Dream On" од „Аеросмит“ за чија изведба има различни коментари, а преовладуваат оние дека воопшто не требала да се обидува да ја отпее, но за првпат во живо ја изведе и новата песна „In the morning“, за која наскоро се очекува и провокативен видео-запис, ако судиме по најавните фотографии.

Настапот го заврши со песната „Dance again“.

Но, пред да се појави на „Тајмс Сквер“ Лопез сними промотивно видео за настапот, а изборот на креации повторно беше со потпис на „Балман“.

Овој пат беше во ледено-син фустан од тул, со кратка светкава јакна и високи црни чизми, а во предниот дел, носеше сребрени ѓердани и изгледаше како рок принцеза.

Инаку, точно на први јануари, пејачката ја лансираше и својата козметичка линија „JLo Beauty“, а на настапот во центарот на Њујорк ја поддржуваше нејзиното најблиско семејство.

Целиот настап погледнете го во продолжение:

 

Објавено:
4 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
534 пати