Видео: За љубителите на „Big Little Lies“, Никол Кидман има нова серија која ветува многу!

29 април 2021

Со долга седа коса, патец во средина и во улога на некаков со шаман, Никол Кидман се појавува во видео најавата за новата серија со наслов „Nine Perfect Strangers“.

Изгледа дека на Кидман реално и' тргна со серииве, а бидејќи велат дека тимот кој победува не се менува, по успехот со „Big Little Lies“ и „The Undoing“, актерката реши да соработува повторно со режисерот Дејвид Е. Кели и продуцентот Брун Папандри. 

Приказната се врти околу директорката на велнес и спа центар (Кидман) во кој пристигнуваат 9 лица во потрага по одмор од секокдневието, не знаејќи дека овој одмор целосно ќе им ги смени животите.

Серијаѕа ветува многу од уште еден аспект - сјајната актерска екипа кпја покрај Кидман ги сочинува и Мелоса Мекарти, Реџина Хол и Боби Каванале. 

Додека чекаме точен термин за премиера, погледнете ја видео најавата.

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
271 пати