Еден од најпопуларните танци на социјалните мрежи во моментот, го изведе и "Том Круз".
Станува збор токму за уникатниот танц на Џена Ортега, од серијата Wednesday, на кој што се приклучија многу познати ликови и инфлуенсери од Instagram и Tik-Tok.
Една од нив е и Лејди Гага која што ги воодушеви своите фанови и секако "Том Круз" којшто одлично се движи со помош на техниката од Мајлс Фишер.
Многумина беа збунети од глетката, зад која што всушност стои Фишер и неговите Deep Fake видеа што ги објавува на Инстаграм.
Иако корисниците на Tik-Tok ја заменија оригиналната песна на која што танцува Џена Ортега, со Bloody Mary на Лејди Гага, сепак ефектот останува ист.
Само со еден клик Фишер се претвори во Том Круз и видеото веќе доби повеќе од 800.000 лајкови.
View this post on Instagram
Фото: Instagram