Викторија Бекам напиша писмо до „идната себе“: Отсекогаш си сакала да ги изненадуваш луѓето, посебно Дејвид

13 јануари 2021

Во јануари 2017 година Викторија Бекам напиша писмо до 18-годишната себе, кое беше објавено во „Вог“, каде зборуваше за несигурноста, нејзините фази низ животот, од дете до „Спајс Грлс“...

Три години подоцна, таа објавува ново писмо, овој пат до „идната себе“.

Еве како гласи:

 

„Драга Викторија,

Пред неколку години, напиша писмо до 18-годишната себе. Со оглед дека сме во Новата година, сакав да напишам писмо до мојата постара и се надевам и позрела верзија на себеси.

2020 и 2021 се далечно минато, но ти ги носиш лекциите од тоа време со себе. Се надевам дека ова го читаш на плажа, опкружена со сите луѓе што ги сакаш! Прегрни ги силно од мене (чекај, дали сум јас најнискиот член на семејството сега?!)“, стои во почетокот на писмото.

Викторија додава дека во оваа измината година поминала скапоцено време со семејството, многу повеќе од што некогаш се надевала дека ќе имаат и дека тоа е нешто што неизмерно го цени.

„Градењето на моден и козметички бизнис бара страст и бестрашност. Не е за оние со слабо срце. Да изградиш пак еден во време на пандемија е речиси невозможно... но јас те познавам и ти ќе го искористиш ова искуство да растеш и да се шириш. Да се биде мајка, сопруга, пријателка, бизнис жена создава напред-назад темпо во животот. Но, ти размислуваш на големо, ја сакаш вревата и никогаш не прифаќаш „НЕ“ за одговор. Секогаш ја имаш на ум својата мантра: “работи вредно и биди љубезен“. Го имаш ли ова извезено на перницата?

Се сеќавам пред години, го гледав твојот драг пријател Елтон Џон на сцена во Лас Вегас. Ја изведуваше „Tiny Dancer“, како да му беше првпат и сфаќаш дека музиката за него е како воздух. Тоа беше пресвртен момент во мојот живот - бидејќи танцувањето и пеењето беше забавно за тебе, но не беше твоја страст. Тој ден, ти ја почна потрагата за откривање на сопствените соништа. Беше време да истапиш од „Спајс Грлс“. За првпат, излегуваше самостојно и тоа беше застрашувачки. Да се затвори поглавјето кое те дефинира беше исполнето со страв. Знам дека се' уште се откриваш, прифаќаш нови предизвици и ги игнорираш „хејтерите“. Ти секогаш гледаш подалеку од вообичаената мудрост за да го дефинираш својот пат. Оваа страст ја најде во модата, а од неодамна и козметиката. Што е следно? Едвај чекам да видам.

Зборувајќи за убавината, дали се сеќаваш на триковите што ги користеше додека беше во карантин?

Ти рече „зае**и и облече прекрасен фустан и имаше “smokey eyes“. Отсекогаш си сакала да ги изненадуваш луѓето - посебно Дејвид. 

Одржувањето на таа мистичност, секогаш е корисно, посебно после 22 години брак. (Која годишнина сега ја славите?)

Се надевам дека кожата ти е благодарна на кремите кои сега ги ставив.. и дека имаш брчки од смеење. Здравиот сјај секогаш бил дел од твојата идеална состојба. (Дали професорот Аугустин Бадер е се' уште листата на повици? О, чекај, уште има телефони?) И нанесува крема со заштитен фактор секој ден, нема на што!

Како бизнис жена, секогаш си свесна за скептиците - но заедницата ги прифати чистите производи со високи перформанси кои ги создадовме. Тоа е најдобриот дел од она што го работиме, причината за секоја продукт во колекцијата, сега и во иднина. Тоа е дефинитивно вистина за онаа која што допрва ќе ја лансираме. Тоа е нешто што го имам во главата уште од првиот ден, а сега конечно успеавме да го усовршиме. Сигурна сум дека тоа се' уште го носиш.', пишува Бекам.

На крајот на прашува постарата Викторија:

„П.с. Те молам кажи ми дека се' уште носиш високи потпетици“'

 

Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
494 пати