Викторија Бекам скришно го снима синот додека вежба пеење

23 јули 2018

Иако многумина ќе кажат дека таа ретко се смее, Викторија Бекам е пример за мајка која понекогаш знае да се шегува со своите деца и сопругот.

На Инстаграм таа постојано објавува видеа и фотографии од приватниот живот, а последно беше видеото кога го снима нејзиниот син Круз како вежба пеење рано наутро.

Познатата дизајнерка објави две видеа од талентираниот син кој прекрасно ја пее песната „Love Yourself“ од Џастин Бибер.

Таа постираше и фотографија од неа и нејзиниот син во летни комбинации по која напиша дека изгледаат како да се дел од реклама за лето.

Дека вистински знае да се шегува, за разлика од сликата која ја имаат медиумите за неа, докажа и со неколку фотографии на кои можеме да го видиме нејзиниот сопруг Дејвид Бекам кој имал потешкотии да го стартува неговиот мотор.

Имено, пред две години малиот Круз Бекам го објави неговиот деби сингл за време на Божиќните празници насловен како „If everyday was Christmas“, по што многумина го споредија со Џастин Бибер.

Дали видеото што го објави познатата дизајнерка ќе му донесе некоја нова соработка, останува да видиме.

 

Објавено:
23 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
433 пати