Афроамериканскиот актер и хип-хоп пејачот Вил Смит е роден на 25-ти септември 1968 година како Вилард Кристофер Смит Втори, во еден кварт во Филаделфија. Пејачката кариера ја започнува под името „The Fresh Prince“ во хип-хоп група. Песната „Summertime“ му донесе успех, по што следеше учество во Тв шоу, со што до израз дојде неговиот талент за глума. Тоа му отвори нови врати, но му донесе и уште поголема популарност.
Неговите први филмови се “Six Degrees of Separation”и “Made in America”. Сепак филмската кариера доаѓа малку подоцна со остварувањата „Лошите момчиња“ во кој партнер му е Мартин Лоренс, а потоа следат „Луѓе во црно“, „Државен непријател“, „Ден на независноста“...
Љубителите на акционите комедии веројатно го обожуваат овој холивудски актер, кој во 2001-та година беше номиниран за Оскар во категоријата на најдобар актер. Сепак, во колекцијата награди се наоѓаат и бројни музички, бидејќи паралелно ги работел и двете кариери.
Сите го препознаваме како човек во црно. Сите го сакаат поради ставот на лошо момче, но истовремено со огромна смисла за хумор и секако совршениот стас. Тоа пак прави да се воочи и неговиот беспрекорен стил. Од раперскиот изглед, до класични одела и елеганција, на Вил Смит се му прилега одлично. Популарен е, посакуван, но не е толку пристапен и љубазен кон припадниците на истиот пол.
На промоција на филмот „Луѓе во црно 3“ му удри шлаканица на украински новинар кој се обиде да го бакне во уста. Во тој период се појави и неговата „валкана тајна“ дека во 1989 година (кога имал 20 години) е уапсен поради напад и физичка пресметка со уште една личност на улиците во Филаделфија.
Зад себе има еден неуспешен брак. Во 1992 година се ожени со Шири Зампино со која има еден син. Бракот траеше само три години. Во 1997 година, неговата сопруга стана актерката Џејда Пинкет, со која има две деца и се уште е во среќен брак.
Шармантен, духовит, со одличен стас и став, беспрекорен стил, нема причина зошто да не биде успешен и еден од омилените личности во Холивуд.
Ние во продолжени се потсетуваме на неговите највпечатливи изгледи низ годините.