Вирџинија Бејтс по 42 години ја дислоцира својата продавница

21 октомври 2013

Откако во 1971 година во Лондон го отвори својот бутик, Вирџинија го започна своето големо патување во светот на модата како најдобар винтиџ дизајнер во модниот бизнис.

 

bates

 

Од долгите везени фустани, кои  се стегнати на појасот, до наметки, реси, марами се што можевте да посакате, кај Вирџинија ќе го најдевте. Се разбира нејзината „чудна“ инспирација беше доволен мотив за да го привлече вниманието и на Мадона, а богами и на ексцентричниот Џон Галијано.

 

 

Иако нејзината продавница повеќе не е на истата локација каде го привлекуваше вниманието на минувачите цели 42 години во Holland Park, таа е се уште мошне актуелна, просперитетна, барана и обожавана од клиентите кои сега нејзиниот винтиџ свет ќе можат да го најдат во Западен Лондон.

 

 

„После 42 години мислам дека треба да ги раширам крилјата. „Богатставата“, се преселија заедно со мене и полека секое нешто си го наоѓа своето место“, изјави Бејтс за британски Vogue.

 

 

На прашањето што може да очекуваат клиентите од новиот салон, Вирџинија со задоволство одговори:

„Сакам да наметнам атмосфера како еден вид забава која на клиентите ќе им овозможи едно поинакво шопинг искуство. Чај и крокети на тревникот и моето желче Даниел како придружник, магионичар кој од својата шапка вади фустани и прекрасната поезија на мојот пријател Родни“

 

 

За претходната продавница и 42-те години поминати таму вели дека ќе и останат во преубаво сеќавање кое секогаш ќе и измамува насмевка која ќе ја задржи на нејзиниот лик и овде во новата.

 

 

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Сцена