Високи жени: Како да се облечете соодветно на вашата висина по примерот на Тејлор Свифт

31 август 2022

Се чини дека без разлика на тоа каков тип на тело имате или пак колку изнесува вашата висина, пазарењето соодветна облека и стилизирањето на истата знае да биде проблематично за секоја жена од одреден аспект.

Висината секогаш се сметала за позитивна карактеристика, како кај мажите така и кај жените. Но фактите покажуваат дека и оние кои ја имаат висината и конвенционално најпосакуваната форма на тело, се соочуваат со модни предизвици како и секој останат човек.

Високите жени неретко имаат внатрешен конфликт околу носењето високи потпетици. Дали да додадат уште некој сантиметар на својата висина или пак да останат „вечно приземјени"? Фармерките се честопати куси кај глуждовите, а шорцевите и кратките здолништа уште повеќе ја потенцираат висината.

Но, не се нештата воопшто така страшни како што изгледаат. Доказ за тоа се големиот број познати жени кои најголемиот дел од животот им е под лупата на јавноста.

Нивниот одличен стајлинг не е игра на среќа, туку резултат на паметно стилизирање. Еден одличен пример е прекрасната Тејлор Свифт која со своите 180cm секогаш изгледа беспрекорно.

Па, како да се облечете соодветно на вашата висина по примерот на Тејлор Свифт? Ова се најчестите совети за стилизирање кои ги добиваат високите жени:

- Прифатете ги тесните фармерки, а доколку ви се кратки, преклопете ги ногавиците навнатре и направете тоа да изгледа намерно. Дури и комбинација со чизмички и чевли можете да го прикриете она што ви пречи.

Фото: Pinterest

- Дајте им шанса на пантолоните со широки ногавици.

 Фото: Pinterest

- Макси фустаните се како скроени за вас. Искористете го максимално нивниот потенцијал.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

- Внимавајте на вашите пропорции и одредете кој дел од телото ви е подолг. Тоа во најголем дел ќе го диктира вашиот избор на модни парчиња.

Фото: Pinterest

- Здолништа кои ја потенцираат вашата половина ќе направат горниот и долниот дел од телото да бидат пропорционални.

Фото: Pinterest

- Земете предвид дека супер кратките здолништа и пантолони ќе направат важите нозе да изгледаат уште подолги. Доколку тоа ви пречи, одберете должина до колена или сосем малку над колената, во спротивно, годро истакнете ги!

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

- Крупниот впечатлив накит и долги ланчиња се ваши пријатели. Го привлекуваат вниманието и поставуваат баланс.

Фото: Pinterest

- Инкорпорирајте повеќе разиграни дезени.

Фото: Pinterest

- Обидете се да ги засакате асиметричните здолништа и фустани.

Фото: Pinterest

- Носете високи потпетици колку што ви душа сака. Реалноста е дека ниту ниските сандали нема да го скријат фактот дека сте високи. Високите потпетици имаат моќ да направат да изгледате елегантно и сензуално, и нема никаква потреба да се лишите од нив само затоа што сте високи.

Фото: Pinterest

Објавено:
31 август 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
724 пати